Top Sport

Што се случува со Рашфорд? Ниту Рангник не знае

Фудбалските фанови честопати им простуваат на своите ѕвезди и најголеми престапи надвор и на теренот, но посветеноста кон играта никогаш не поминува најдобро.

Тоа го дозна најдобро Маркус Рашфорд, херојот на Манчестер јунајтед, кон неочекувано беше исвиркан од навивачите на „Олд Трафорд“, кога не се обиде ниту да тргне по топката испуштена од голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Тоа што Ралф Рагник го повлече од игра во второто полувреме, само ја потенцираше кризата во која се наоѓа англискиот репрезентативец.

Алан Ширер вели дека на Рашфорд фудбалот му тежи како „средношколска обврска“ оваа сезона, додека Дион Даблин го опиша напаѓачот како „без срце“. Навивачите на социјалните мрежи исто така не беа задоволни. Последен гол кој го постигна Рашфорд беше во октомври и дури Ралф Рангник не знае зошто тој не игра на нивото.

„Всушност не знам. Мислам дека се обидува и тоа не е проблемот. На тренингот беше добар последните неколку дена, и затоа со право беше во стартниот тим. Во првото полувреме му дадовме доволно топки, но во второто веќе не доаѓаа и затоа го сменив со Ентони Еланга. Самодовербата е најважна за фудбалерите, и понекогаш гол го решава тоа. Се надевам дека Маркус ќе даде гол овој викенд“, вели Рангник.

Scroll to Top