Top Sport

Агентот на Душан Влаховиќ барал премногу од Фиорентина

Италијанските медиуми тврдат дека Дарко Ристиќ, агентот на ѕвездата на Фиорентина, Душан Влаховиќ е главната причина за пропаднатите преговори за нов договор со српскиот напаѓач, откако барал „невозможни“ работи, вклучувајќи 10 отсто провизија од идната продажба на фудбалерот.

Влаховиќ има договор со Виола до јуни 2023 година, и по обидите да го заддржат на подолг период, претседателот на клубот, Роко Комисо денеска објави дека предлогот е одбиен. Според локалните медиуми, главна причина не била високата плата за фудбалерот, туку барањата на неговито агент.

Ристиќ сакал да има ексклузивно право да преговара за продажбата на одредената откупна клаузула од 75 милиони евра, а исто така да добие 10 отсто од оваа сума како провизија (7.5 милиони евра).

Повеќе европски клубови се заинтересирани за Влаховиќ, вклучувајќи ги Јувентус, Ливерпул, Атлетико Мадрид и двата клуба од Манчестер.

Scroll to Top