Top Sport

Флик им забрани на фудбалерите дружење со навивачите

Германските фудбалски фанови, но и дел од германските новинари се исфрустрирани од последната одлука на новиот селектор, Ханси Флик да ги „изолира“ неговите фудбалери пред двата клучни натпревари од квалификациите за СП против Романија на 8 октомври и против Македонија на 11 октомври.

Според „Билд“, фудбалерите не добиле дозвола да се дружат со навивачите кои чекаа пред хотелот каде што се сместени во Хамбург, и само Антонио Ридигер ја прекршил наредбата на Флик. Покрај тоа, Флик им наредил на вработените во хотелот да ги прекријат прозорците за навивачите да не можат да пречат додека тие јадат.

„Уште сме внимателни во директите контакти и тешко е да се процени какво треба да биде вистинското однесување. Не знаеме како да се однесуваме со навивачите“, призна Томас Милер.

Германија е лидер во нашата група со 15 поени, четири пред Ерменија, пет пред Романија и шест пред Македонија.

Scroll to Top