Top Sport

Агентот на единственото засилување на Јунајтед удри по „ѓаволите“

Сјак Сварт, агентот на Дони ван де Бек, единственото засилување на Манчестер јунајтед ова лето, влезе во остар напад на клубот и на менаџерот Оле Гунар Солскјер, бидејќи е незадоволен од минутажата која ја добива 23-годишниот Холанѓанец во тимот.

Ван де Бек полека се вклопува во составот на Солскјер – беше стартер во Карабао купот против Лутон, но влезе од клупата во двата меча од Премиер лигата по трансферот од 35 милиони фунти од Ајакс. Тој влезе како замена во последните минути од драматичната 3:2 победа над Брајтон, нешто што посебно го налути Сварт.

„Замена, тоа воопшто не мис е допаѓа. И јас би можел да влезам во игра на четири минути пред крајот. Подобро остави го да седи. Сепак, тој направи три добри работи – пеналот за победничкиот гол беше негово дело. Но, тие требаа да загубат со 1:7. Пет пати во стативата, Брајтон… Имаат солиден тим, но вакви мечеви не треба да му се случуваат на Манчестер јунајтед“, вели Сварт за холандските медиуми.

Scroll to Top