Top Sport

Рубен Диаш: Едвај чекам да работам со Пеп Гвардиола

Манчестер сити го комплетираа трансферот на Рубен Диаш од Бенфика за 62 милиони фунти, и Португалецот потпиша шестгодишен договор со клубот. Николас Отаменди оди во спротивен правец за 14 милиони фунти.

23-годишниот Диаш вели дека бил импресиониран од Пеп Гвардиола, и дека едвај чека да работи во неговиот „ол-раунд“ систем.

„Да се има можност да се дојде во клуб како Манчестер сити за мене е фантастична шанса и едноставно не можев да ја одбијам. Нивниот успех зборува сам за себе, а во последните неколку години играат фудбал каков што ми одговара. Да се игра за Пеп Гвардиола е огромна шанса за мене, бидејќи тој може да ја подобри мојата игра. Верувам дека ќе освојуваме титули заедно“, вели Диаш.

Тој е трето засилување за Сити овој преоден рок по централниот бек Нејтан Аке и крилото Феран Торес. Одбранбениот фудбалер може да дебитира против Лидс во сабота, и ќе биде трет Португалец на „Етихад“ по Бернардо Силва и Жоао Кансело.

Scroll to Top