Top Sport

Агентот на Лукаку вели: Интер мора да се „придвижи“

Сагата околу најавениот трансфер на Ромелу Лукаку во Интер продолжува, откако агентот на Белгиецот, Федерико Пасторело побара италијанскиот клуб да се активира ако навистина го сака Лукаку, бидејќи Манчестер јунајтед ги прават „работите компликувани“.

Пасторело беше забележан како повторно влегува во седиштето на Интер оваа вечер на состанок, по што даде изјава за новинарите.

„Нема нови детали, само разговор со директорот за тој подобро да ја сфати ситуацијата и да се донесе вистинската одлука. Ако фудбалерот сака да потпише, тие треба исто така да се придвижат кон него“, изјави Пасторело.

Се верува дека Интер се обидуваат да ги убедат Јунајтед сумата од 70 милиони евра да ја платат на две рати со обврска да го откупат договорот подоцна.

„Јас никогаш не сум ги кажал бројките, така што не знам кои бројки се вртат. Тоа треба да ги прашате Интер. Лукаку е нивна цел, но тоа не значи дека ќе го остварат трансферот. Уште е многу тешко да се дојде до договор“, додава Пасторело.

Scroll to Top