Top Sport

Холанѓанките стигнаа до финале со гол во продолжението (видео)

Холандија ќе се спротистави на актуелниот шампион САД во финалето на Светското првенство за жени во Франција, откако постигнаа гол во продолжението за 1:0 победа над Шведска во Лион.

Новата фудбалерка на Манчестер јунајтед, Џеки Гренен стрелаше во 99. минута за на Холандија да и донесе прво финале во историјата, иако во него ќе треба да се соочат со апсолутните фаворитки, Американките, кои вчера со 2:1 ја победија Англија. Шведска и Англија ќе играат во мечот за третото место.

Пласманот во финалето е само показател за огромниот раст на женскиот фудбал во Холандија, бидејќи досега ова им е само втор настап на Светското првенство, а во 2017 година ги изненадија сите и ја освоија европската титула.

Scroll to Top