Top Sport

Агентот на Вилијан удри по Арсенал: Тоа е тим без проект и визија

Киа Џурабчијан, агентот на Вилијан, не се возддржа од критики кон Арсенал откако беше потврдено заминувањето на Бразилецот од англискиот клуб.

Вилијан го раскина договорот вреден 220.000 фунти неделно со Арсенал по неубедлива сезона со „топчиите“, приклучувајќи се на бразилскиот Коринтијанс за значително помала плата. Иако се работеше за взаемно раскинување на договорот, Џурабчијан не го штедеше Арсенал.

„Тој не отиде во Арсенал за парите, туку за проектот, но проектот го немаше таму. Кој фудбалер кој отишол во Арсенал во последно време не бил катастрофа? Вилијан не беше проблем. Но, тој не го обвинува Артета. Дури и навивачите, иако не се задоволни сега, сакаат најдобро за клубот. Но, таму едноставно нема проект ниту визија“, изјави Џурабџијан за „Сан“.

Scroll to Top