Top Sport

Адана го ангажираше Монтела и го предупреди Балотели: Порасни или оди си!

Поранешниот тренер на Рома и Фиорентина, Винченцо Монтела е новиот тренер на турскиот клуб Адана Демирспор, кој во исто време го предупреди италијанскиот сонародник на Монтела, Марио Балотели да „порасне или да не се враќа“.

Претседателот на клубот, Мурат Санџак вчера го отпушти тренерот Самет Ајбаба, иако тој успеа да ги донесе во Турската Суперлига, но имаше старт со три порази во три меча.

Санџак исто така го предупреди Балотели, откако во петокот, тој удри еден од своите соиграч кога беше повлечен од игра.

„Балотели не се согласуваше со Ајбаба, и сега е на одмор, но му кажавме да порасне и да не реагира така, или подобро да не се враќа. Не знаеше за преговорите со Монтела“, вели Санџак.

Scroll to Top