Top Sport

Агентот на Заниоло го потврдува интересот на Јувентус

Агентот на ѕвездата на Рома, Николо Заниоло признава дека е „задоволувачки“ што тој се поврзува со големите клубови, по шпекулациите дека Јувентус се подготвени да дадат за него 70 милиони евра во текот на летото.

22-годишниот Заниоло има договор со „волчицата“ до јуни 2024 година, откако пристигна на „Олимпико“ во текот на летото 2019 како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер. Неговиот агент, Клаудио Вигорели не даде одговор дали тој ќе остане во Рома.

„Рома имаат прекрасен проект, а најубаво е да се гледа Николо повторно на теренот по втората сериозна повреда на коленото. За иднината, ќе одлучиме навреме, нема брзање. Концентрирани сме на добра сезона со Рома. Шампион како Николо секогаш ќе биде поврзуван со големи клубови, но засега, тој е играч на Рома“, изјави Вигорели.

Според „Ла газета дело спорт“, Рома би прифатиле понуда од 70 милиони евра, додека Јуве нуди 50 милиони евра плус Вестон Меккени.

Scroll to Top