Top Sport

Топспорт во Палермо – Милевски: Немам дилеми околу тимот, а ќе им кажам на фудбалерите да уживаат

Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе игра против Италија во бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар. Селекторот Благоја Милевски вели дека веќе нема дилеми околу стартниот тим и има само една порака за репрезентативците.

„Атмосферата е одлична, а дилеми околу првиот состав немам. Тимот е веќе познат и фудбалерите тоа го знаат. За нив имам само една порака, да уживаат во дуелот со европскиот првак. Италија е секако врвна репрезентација, но ние имаме свои планови и ќе се обидеме да ги спроведеме утре на теренот. Се надевам дека сме подготвени и физички да играме повеќе од деведесет минути“, изјави селекторот Милевски на прес-конференцијата.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот на стадионот „Ренцо Барбера“.

Scroll to Top