Top Sport

Агентот тврди: Никој не може да си го приушти Жоргињо

Жоао Сантош, агентот на ѕвездата на Челси, Жоргињо, вели дека тој ќе остане во тимот на Челси, бидејќи ова лето ниту еден клуб не може да си приушти да го купи Италијанецот со бразилско потекло.

28-годишниот Жоргињо дојде во Челси од Наполи во јуни 2018 заедно со тренерот Маурицио Сари, но остана клучен играч и на Френк Лампард, во исто време осигурувајќи го местото во средината на италијанската репрезентација покрај Марко Верати и Николо Барела. Шпекулациите го поврзуваа со Јувентус, но Сантош вели дека цената на неговиот фудбалер е многу висока.

„Неговата цела порасна во последните две години бидејќи имаше добри игри во Лондон и стана редовен италијански репрезентативец. Сега, тој е заменик капитен на Челси и има искуство со настапи во Лига Европа и Лигата на шампиони. Не верувам дека ќе дојде понуда за него, бидејќи никој не може да си приушти таква инвестиција во оваа економска ситуација. Тоа е голем проблем за сите фудбалери и менаџери“, вели Сантош.

Scroll to Top