Top Sport

„Олд Трафорд“ подготвен за првиот меч по 107 дена (видео)

Манчестер јунајтед осигураа нивниот славен стадион „Олд Трафорд“ да изгледа фантастично пред првиот меч без публика, кој доаѓа точно 107 дена по последниот меч на „ѓаволите“.

Јунајтед го пречекуваат Шефилд јунајтед вечерва во меч кој може да биде клучен во трката за место кое води во Лигата на шампионите, но, секако без своите верни навивачи, така што клубот се потруди со банери и мозаици барем на ТВ-екраните да изгледа убаво.

Трите банери на Стретфорд енд имаат едноставни пораки: „Благодариме на неверојатната поддршка“, „Фудбалот е ништо без фановите“, и „Едвај чекаме да ви посакаме добредојде на ’Олд Трафорд’“.

Покрај тоа, постои и мозаик со лица на 40.000 фанови од целиот свет.

Scroll to Top