Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро на вчерашниот меч против Арсенал ја спушти раката на рамото на помошникот судија – Сиан Мејси-Елис, жената која со години суди во Премиерлигата.
Доволен беше еден потег со раката за англиските медиуми да го окарактеризираат како сексизам.
Иако не направи ништо непристојно, допирот со судијката денеска е главна тема во англиските медиуми.
Легендарниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт кој сега работи како коментатор веднаш го нападна Аргентинецот:
„Агуеро никогаш не би го направил тоа доколку судијата беше маж. Вака се чувствува надмоќно. Многу грдо и непотребно е тоа што го направи“ рече Рајт.
No fkn way Aguero did that got away? Martial did the exact same thing to Lamela?? pic.twitter.com/0dogUMiyKj
— 21 (@oles_redarmy) October 17, 2020