Top Sport

Агуеро со хет-трик ги „реши“ Њукасл (видео)

Манчестер сити се вратија на победите по „киксот“ против Ливерпул минатата недела, откако Серхио Агуеро постигна хет-трик за импресивна 3:1 победа над Њукасл јунајтед.

Агуеро во 34. минута од мечот, минимално го „сврте“ додавањето на Кевин де Бројне за да донесе водство за „Граѓаните“, откако неколку минути претходно, судиите го поништија голот на Рахим Стерлинг поради офсајд.

Во 63. минута, Агуеро го удвои водството од белата точка, откако дефанзивецот на Њукасл, Хавиер Манкилјо го собори Рахим Стерлинг со невнимателна интервенција во шестнаесетникот. Њукасл се врати во игра совладувајќи го Едерсон за да намали на 2:1, меѓутоа по одличниот пробив на Лирој Сане, Германецот совршено му додаде на Агуеро за комплетирање на хет-трикот.

Со победата, Сити ја врати предноста од 12 поени пред Манчестер јунајтед на врвот на Премиер лигата, додека Њукасл се на 15. место со 23 поени, само два од зоната за испаѓање, што ќе мора да го крене алармот во тимот на Рафа Бенитез.

Scroll to Top