Top Sport

Франција остана непоразена, на чекор од полуфинале (видео)

Франција ја оправда улогата на прв фаворит за злато на Европското првенство во Хрватска, откако успеа да го „скрши“ отпорот на Швеѓаните и да стигне до 23:17 победа со која се зацврстија на првото место во групата 1 со максимални 6 поени.

Швеѓаните имаа одлично прво полувреме, но фантастичниот голман на „триколорите“ Винсен Жерар ги „спушти ролетните“ и со 15 одбрани обезбеди Франција на полувреме да оди со предност од 10:8. Французите останаа без Лука Карабатиќ кој доби директен црвен картон поради остар старт.

Во второто полувреме, шесткратните актуелни светски шампиони, Франција полека ја „ставија“ Шведска во машината и полека се одлепија, додека Швеѓаните повеќе од шест минути не успеаја да постигнат гол.

Седрик Сорендо беше најефикасен за Французите со пет постигнати голови, додека четири постигна Кентин Мае, а кај „трите круни“, Симон Јепсен беше ограничен на четири гола.

Scroll to Top