Серхио Агуеро и Усман Дембеле започнале со редовните тренинзи. Покрај овие двајца од повредите се рехабилитирале Жорди Алба и Ансу Фати.
Агуеро, во август, го повреди листот на десната нога. Тој во летниот преоден рок ја засили Барселона, но поради повредата се уште не дебитирал за новиот клуб.
Дембеле,го повреди коленото во јуни. Поради оваа повреда тој мораше да биде опериран.
„Двајцата играчи, по долго пауза работеа со првиот тим“, соопшти Барселона.
Според шпанските медиуми, Агуеро и Дембеле, би можеле да се најдат во тимот, во недела, кога Барселона ќе игра против Валенсија.