Top Sport

Агуеро ќе го пропушти реваншот против Реал

Кун Агуеро ќе го пропушти осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Најдобриот стрелец на Манчестер сити се повреди пред неколку недели на натпреварот против Барнли. Тој неколку дена по повредата го оперираше менискусот.

Иако во клубот се надеваа дека тој ќе биде подготвен за реваншот против Реал тоа нема да се случи.

„Нема шанси да игра против Реал“, рекол тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Манчестер сити имаат предност од 2:1 по првиот меч во Мадрид. Реваншот на домашен терен ќе го одиграат на 7 август.

Победникот од пресметката помеѓу Сити и Реал во четврт-финалето ќе игра против подобриот од дуелот Јувентус-Лион.

Scroll to Top