Top Sport

Агуеро ќе мора да оди на операција на коленото

Напаѓачот на Манчестер Сити, Аргентинецот Серхио Агуеро ќе мора да оди на операција на коленото откако заработи повреда на мечот против Барли во 30. коло од Премиерлигата.

Аргентинскиот ас операцијата ќе ја прави во Барселона, а засега е непознато кога би можел да се врати на терените.
Најдобриот стрелец во историјата на „граѓаните“ повредата ја доживеа во финишот на првото полувреме.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не исклучува негово враќање за финишот во ЛШ кој е планиран за во август, но сепак, сето тоа е под знак прашалник. Сега Сити останува во нападот само со еден вистински напаѓач, Бразилецот Габриел Жезуз.

„Ниту еден фудбалер не може да игра по 90 минути на секои 3 дена. Имаме уште опции, Стерлинг може да ја покрива таа позиција, можеме да го употребиме и Гундоган, но и Бернардо Силва. Тие не се напаѓачи, но може да ги искористиме во системот“ – истакна Гвардиола.

Агуеро сезонава во ПЛ на 24 меча има постигнато 16 гола.

И првичните прогнози не беа оптимистички:

Заврши сезоната за Серхио Агуеро

Scroll to Top