Top Sport

Агуеро: Мамо, благодарам!

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро реши да ѝ се заблагодари на својата мајка за помошта при опоравувањето од повредата на реброто.

29-годишниот аргентински напаѓач ги скрши ребрата при сообраќајна несреќа во Амстердам враќајќи се во Англија по концерт. Агуеро имаше неочекувано брзо опоравување, откако минатата недела се врати на тренинзи, а беше замена при 7:2 победата на Сити над Стоук.

„Среќен ден на сите мајки. Те сакам мамо“, напиша Агуеро на Инстаграм.

Feliz día a todas las madres !!! Mami te amo ❤️!!

A post shared by Sergio Leonel Agüero (@10aguerosergiokun) on

Scroll to Top