Серхио Кун Агуеро успеа да се опорави од повредата, тренира редовно и само прашање на време кога ќе одигра официјален меч за Барселона.
Во интервју за „El Pais“ зборуваше и за Диего Армандо Марадона, па се потсети на моментите кога слушна дека починал неговиот дедо (татко на сопругата).
„Ми беше тешко кога чув за Марадона. Играв дента меч од ЛШ, кога слушнав, помислив дека се работи за лажна вест, како и многупати претходно. Ја прашав сопругата дали е вистина дека татко и починал, а кога таа ми потврди, бев скршен“ рече Агуеро.
Еден од најдобрите напаѓачи на 21-от век пораснал во сиромашен кварт во Аргентина, а го напуштил домот веднаш штом станал професионалец, во дресот на Индепендиенте.
„Имав 16 години кога последен пат бев во својот кварт во Буенос Аирес. Кога прашав каде ми се пријателите со кои се дружев додека бев дете, се изненадив. Едниот е мртов, едниот во затвор, а третиот го барала полицијата. И понатаму сум во контакт со некои од нив, дури и 20 години подоцна“ раскажал Агуеро.