Top Sport

Агуеро на операција, во трка со времето за Мундијалот

Аргентинскиот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро ја заврши сезоната откако замина на операција на коленото и е во трка со времето да биде подготвен за Светското првенство.

Најдобриот стрелец во историјата на Сити подолго време се мачи со коленото и реши да оди под нож во обид да има брзо опоравување пред Мундијалот во Русија.

„Се опоравувам од артроскопијата на коленото. Мотивиран сум да се вратам многу бргу“, напиша Агуеро на Твитер.

Агуеро, кој има 199 гола во кариерата, ги пропушти мечевите со Стоук и првиот со Ливерпул, а влезе како замена за ревашнот со Ливерпул и поразот од Манчестер јунајтед.

Фото: ЕПА

Scroll to Top