Top Sport

Не заборавил! Сидорф ги зачуди дури и своите играчи со вештината (видео)

Кларенс Сидорф можеби одамна не игра фудбал (веќе четири години), но Холанѓанецот покажа дека уште умее со топката, зачудувајќи ги своите играчи на клупата на Депортиво Ла Коруња.

Сидорф, кој во февруари беше поставен за главен тренер на шпанскиот клуб стоеше покрај клупата при саботниот дуел со Атлетик Билбао, а кога дефанзивецот Фабијан Шар ја упати топката кон него, Холанѓанецот покажа зошто го сметаа за еден од најдобрите играчи на неговата генерација, смирувајќи ја топката. Закарија Бакали на клупата остана со отворена уста, додека голманот Максим Ковал можеше само да се смее.

Депортиво на крајот стигна до 3:2 победа, втора победа по ред, но клубот уште е на 18. место и им претстои тешка борба за опстанок.

Фото: ЕПА

Scroll to Top