Top Sport

Агуеро најдобар стрелец во историјата на Сити

Аргентинецот Серхио Кун Агуеро во синоќа стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити.

Агуеро на дуелот во Неапол, во рамките на Лигата на шампионите, го постигна својот 178 гол за клубот кој годинава го прослави својот 137 роденден.

На првото место на вечната листа Агуеро го престигна Ерик Брук, а зад него и Томи Џонсон, Колин Бел, Џо Хејз, Били Мередит, Френсис Ли, Томи Брауел.

Аргентинецот во Сити се пресели во 2011 година од Атлетико Мадрид и досега во кариерата за „граѓаните“ одиграч 264 натпревари. Кариерата ја зпаочнал во 2006 година во Индепендиенте.

Манчестер Сити во средата славеше над Наполи 4:2, Агуеро го постигна третиот гол, а по овој меч Сити избори пласман во осмина-финалето во Лигата нашампионите.

Scroll to Top