Top Sport

Агуеро одговори по шпекулациите дека ја завршува кариерата

По шпекулациите дека поради проблемот со срцето ќе биде приморан да оди во фудбалска пензија, напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро одговори дека секогаш е „позитивен“ и дека нема да се откаже без борба.

Каталонското радио јави дека 33-годишниот Аргентинец, кој пристигна на „Ноу Камп“ од Манчестер сити во текот на летото, ќе биде приморан да се пензионира откако беше потврдено дека ќе паузира три месеци поради аритмија. Популарниот Кун вели дека тестовите продолжуваат и дека тој е оптимист.

„По сите шпекулации, можам да кажам дека ги следам упатствата од клупските лекари, дека одам на тестови и третмани и ќе го провериме прогресот по 90 дена. Секогаш позитивен“, напиша Агуеро на социјалните мрежи.

На Агуеро му се слоши во само вториот старт за Барса во Ла лига против Алавес на 30 октомври, по што мораше да биде повлечен од игра. Кратко потоа, беше потврдено дека тој ќе паузира три месеци и ќе оди на специјална рехабилитација.

Агуеро ќе ја заврши кариерата?

Scroll to Top