Top Sport

Агуеро признава: Испив премногу при прославата, Лео ми се налути

Серхио „Кун“ Агуеро откри дека неговиот близок пријател, Лионел Меси му се налутил поради тоа што пензионираниот фудбалер претерал со алкохолот при прославата на титулата од Светското првенство во Катар.

34-годишниот Агуеро беше присутен на тренинзите на аргентинската репрезентација, и посебно при лудите прослави по победата над Франција во финалето, откако беше приморан да се повлече од фудбалот поради проблеми со срцето минатиот декември. Тој беше со нив на теренот, но и во соблекувалната, кога пееше навредливи песни за Килијан Мбапе и признава дека добил „лекција“ од Меси.

„Испив многу, а во исто време не јадев. Бевме светски шампиони, и ако нешто требаше да ми се случи, тогаш немаше подобро место, нели? Лео се налути и ми кажа да спорам. Како да сопрам кога сме светски шампиони? За малку ќе завршев во болница кога го кренав на рамења. Му кажав: ‘Добро, светски шаампион си, но грбот ме боли’“, признава Агуеро.

Scroll to Top