Top Sport

Рашфорд на тренинг со нов Мекларен од 280.000 фунти

Маркус Рашфорд игра во можеби најдобрата форма во неговата кариера, помагајќи Манчестер јунајтед да наниже шест победи во низа, и очигледно тоа е причина да се почести – на тренинзите на „ѓаволите“ пристигна со нов Мекларен 765 Long Tail вреден 280.000 фунти.

Во вторникот, 25-годишниот Англичанец беше стрелец при 3:0 победата над Борнмут, за негов 12-ти гол ова сезона, пет повеќе отколку што постигна целата мината сезона.

Белиот супер-автомобил е еден од 765 изградени од славната британска тркачка компанија, и не е единствен нов „ѕвер“ во неговата гаража – тој исто така минатата недела си купил Black Badge Cullinan Rolls Royce, автомобил вреден 390.000 фунти.

Scroll to Top