Top Sport

Агуеро против Арсенал ќе носи златни копачки

Серхио Кун Агуеро во средата стана најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити. Агрентинецот на натпреварот во Неапол, против Наполи во Лигата на шампионите го постигна третиот гол за Сити со што дојде до брјоката од 178 голови во дресот на „граѓаните“.

Агуеро во Неапол го сруши 78 години стариот рекорд на Ерик Брукс.

Бидејќи стана нов рекордер и своето име го запиша во историјата на овој клуб, компанијата „Пума“ дизајнираше специјални копачки кој Аргентинецот ќе ги носи на денешниот меч против Арсенал.

Агуеро ќе носи „златни“ копачки, нешто што и му доликува на најдобриот клупски стрелец.

Scroll to Top