Top Sport

Мојс ќе го наследи Билиќ во Вест Хем?

Поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед Дејвид Мојс е најсериозниот кандидат за наследник на Славен Билиќ доколку Вест Хем во наредните денови му врачи отказ на хрватскиот тренер, објави „Телеграф“.

Славен Билиќ со Вест Хем има договор до крајот на сезоната, кој најверојатно нема да го одработи до крај. Вест Хем на последните четири натпревари има исто толку порази, а во саботата „чеканите“ загубија дома од Ливерпул (1:4).

Сопственикот на Вест Хем, Дејвид Саливен, не практикува да праи тренерска смена додека сезоната е во тек, но Мојс може да го донесе без да плати обесштетување и поради тоа речиси сигурно ќе му врачи отказ на Билиќ.

Хрватот по поразот од Ливерпул изјавил дека нема да биде изненаден доколку во наредните денови биде отпуштетн.

Вест Хем по 11 кола во Премиер лигата има скромни девет бодови.

Scroll to Top