Top Sport

Агуеро сам ќе ја одлучи иднината, вели Гвардиола

Пеп Гвардиола го нарече Серхио Агуеро „легенда“ и изјави дека сфаќа зошто тој е исфрустриран во Манчестер сити, но додава дека самиот ќе реши каде ќе ја продолжи иднината.

Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид повторно беше „ѕвезда“ во саботата, во 4:0 победата над Бурнемаут, за 17. победа во низа на Сити. Сепак, тој не е задоволен од системот на ротација на играчите под Гвардиола и сака повеќе време на теренот.

„Нема сомнеж, Кун е специјален играч. Вистинска легенда и среќен сум кога игра добро и постигнува голови. Јас бев фудбалер и сфаќам дека не сакаат да бидат заменети и да не играат. Се обидувам да имам најдобри можни односи со моите играчи, но понекогаш и Габриел Жесус, и Бернардо Силва и Елиаким Мангала заслужуваат да играат. Мора да ја има таа почит. Ако не се среќни со мене, тоа не е проблем, но барем да се задоволни со своите колеги. Имам почит за Агуеро и за сè што направи тој за тимот, и што ќе направи во иднина. Самиот ќе одлучи за својата иднина и својот живот, јас сум само среќен што го имам тука“, вели Гвардиола.

Сити „газеше“ пред Божиќ (видео)

Scroll to Top