Top Sport

Визардси пресилни за Орландо (видео)

Шарлот хорнетс на домашен терен со 111:106 го совладаа Милвоки бакс, додека Вашингтон визардс го „уништија“ тимот на Орландо меџик со 130:103 во пред-божиќната програма во НБА лигата.

Веќе по првото полувреме Визардси имаа одлична предност, по што рутински стигнаа до нова победа. Џон Вол имаше дабл-дабл со 10 поени и 13 асистенции, додека за гостите најдобар беше Елфрид Пејтон со 30 поени и 10 асистенции.

Дуелот меѓу Шарлот и Милвоки беше далеку поизрамнет, и гостите имаа предност на почетокот на третата четвртина, пред Хорнетси да блеснат во финишот за да стигнат до победа. Двајт Хауард имаше 21 поен, додека за Бакси, Крис Мидлтон уфрли 31 поен.

Индијана пејсерс по продолжението стигна до победа над Бруклин од 123:119, предводени од Виктор Одалипо со 38 поени. Атланта исто така стигна до победа од 112:107 над Далас, додека Бостон ги „растури“ Чикаго булс со 117:92.

Scroll to Top