Top Sport

Агуеро се плаши дека е дојден крај на неговата ера во Сити

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е незадоволен од минутажата што стратегот Пеп Гвардиола му ја дава во моментов, па стравува Аргентинецот дека Шпанецот веќе одлучил за неговата судбина меѓу „граѓаните“.

Медиумите на Островот пренесуваат дека аргентинскиот ас е карјо незадоволен за тоа како Пеп го користи откако се врати во тимот по коронавирусот.

Во средата за очекување беше Агуеро да се најде во стартниот состав против Саутемптон, но тој доби можност за настап дури во 72 минута.

Откако во ноември се опорави по повредата на задниот мускул, Агуеро одигра само 171 минута за Манчестер Сити.
Гвардиола на прес-конференција рече дека нема причина за загриженост.

„Ќе зборуваме за се како луѓе, фудбалери, се разбира. Мораме да видиме што ќе донесе крајот на сезоната. Не смееме да заборавиме што се се случуваше. Знам дека му се потребни минути на теренот, но не сме во можноста да му ги дадеме сега кога е важен дел од сезоната. Клубот разговараше со неговиот агент и го запозна со се. Ќе зборуваме на крајот на сезоната. Истото се однесува и за Фернандињо“ рече Гвардиола.

Сепак, Агуеро верува дека менаџерот веќе го има прецртано и бара нови опции. Медиумите во Англија пишуваат дека Сити веќе се подготвени во напад на Атлетико Мадрид, по нивниот напаѓач – Жоао Феликс.

Scroll to Top