Top Sport

Ах, тие цигари! Маруицио Сари има пневмонија, потврдија Јувентус

Јувентус преку соопштение потврдија дека нивниот нов тренер Маурицио Сари има пневмонија откако неколку недели се мачеше со грипот и не е јасно кога ќе се врати на клупата на „бјанконерите“.

Тренерот неколку пати побара медицинска помош минатата недела, вклучувајќи пред традиционалниот пријателски меч со младинскиот тим во Вилар Пероса, по што не патуваше со тимот при 1:0 победата во пријателскиот меч со Триестина во саботата.

„Маурицио Сари по неколкудневен одмор, беше на работа со своите соработници, но не можеше да присуствува на тренингот поради грипот кој го мачи цела недела. Попладне тој беше на тестови кои покажаа дека има пневмонија и за која добива терапија“, се вели во соопштението на Јуве.

Останува нејасно дали тој ќе биде во доволно добро здравје да присуствува на првиот меч од новата сезона во Серија А против Парма. Поранешниот тренер на Наполи и Челси е познат по својата страст кон цигарите, кои уште повеќе ја влошиле неговата состојба.

Scroll to Top