Ливерпул се блиску до своето прво засилување во летниот преоден рок, Алжирецот Аиса Манди од Реал Бетис, јавува „БеИН спортс“.
Англиските шампиони се обидуваат да ја подобрат својата одбрана пред новата сезона, а интересот за 28-годишниот Манди трае подолго време, и веќе понудиле 9 милиони фунти за него.
Алжирскиот репрезентативец има уште една година од договорот со Бетис, оставајќи го шпанскиот клуб во незгодна позиција да мора да го продаде или да дозволи тој да замине бесплатно следното лето.