Top Sport

Ајакс без Де Јонг против Јуве?

Клучниот фудбалер на Ајакс, Френки  де Јонг е неизвесен за реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, откако го напушти теренот по само 22 минути против Екселзиор Ротердам во саботата.

Тренерот Ерик тен Хаг изјави дека е прерано да се даде одговор дали Де Јонг ќе го пропушти мечот во Торино, каде што Ајакс патува по 1:1 во првиот меч во Амстердам во средата. Де Јонг, кој ќе се пресели во Барселона на крајот на сезоната, беше повлечен од игра по 22 минути од 6:2 победата над Ајакс со очигледни болки во бутниот мускул.

„Тој почувствува проблеми со бутниот мускул и решивме дека е подобро да го повлечеме од игра. Водевме со 1:0 и немаше смисла да ризикуваме“, вели Тен Хаг.

Со победата Ајакс има три поени предност пред ПСВ Ајндховен на врвот на Ередивизие, но ПСВ денеска го игра својот меч со Де Графшап.

Scroll to Top