Top Sport

Фабрегас: Си заминав од Челси поради „синот“ на Сари, Жоргињо!

Цеск Фабрегас вели дека заминал од Челси во Монако поради пристигнуваето на „Стемфорд бриџ“ на „синот“ на менаџерот Маурицио Сари, Жоргињо.

Шпанскиот ветеран реши да замине во Монако во зимскиот преоден рок, кај својот поранешен соиграч од Арсенал, Тјери Анри, кој беше кратко тренер на францускиот клуб пред враќањето на Леонардо Жардим. Фабрегас на крајот имаше 198 настапи за клубот од западен Лондон и вели дека направил вистинска одлука.

„Сакав да имам нова цел. Цело време ми е важно да имам нова цел во мојата глава. Бев во Челси и можев да го обновам договорот и да останам таму, но новиот тренер дојде со фудбалер кој за него беше како син. За мене беше тешко да играм секој натпревар, а не сакам да правам паузи. Го сакам фудбалот и не сакав да се задоволам само да бидам во Челси. Поради некоја причина беше невозможно да играм секој меч и тоа не ми даде задоволство“, вели Фабрегас.

Scroll to Top