Репрезентативецот на Холандија, Стивен Бергхуис е првото големо засилување за Ајакс, во преодниот рок. Крилниот напаѓа, во Ајкас, доаѓа од редовите на најголемиот ривал Феенорд.
Бергуис, изминатите неколку сезони беше најдобриот играч на Феенорд. Постигна 87 голови на 199 одиграни натпревари. Тој е најзаслужинот што во 2017 година, Феенорд по пауза од 18 години ја освоија шампионската титула.
Од страв дека Бергхуис може да има проблеми со навивачите на Феенорд, клубовите долго време криеја дека постигнале договор.
Трансферот изнесува четири милиони евра, а со бонусите може да достигне и сума од 5,5 милиони евра.
Бергхуис, во кариерата играч за Вотфорд, Твенте и АЗ Алкмар.