Top Sport

Ајакс го „краде“ Олмо од Динамо

Динамо Загреб се наоѓа во интересна позиција да ги „бира“ понудите за својот шпански талент Дани Олмо, откако огромен број на клубови беа заинтересирани за младинскиот шпански репрезентативец.

Последен на листата е холандскиот Ајакс, кој според каталонскиот „Спорт“ веќе преговарал со поранешниот член на школата на Барселона, „Ла масија“. Сепак, се верува дека и тие не се подготвени да платат 35 милиони евра колку што бара Динамо, но би понудиле доволно бонуси и добар процент од следната продажба за хрватскиот шампион.

Од друга страна, Динамо му нуди нов договор на Олмо со кој тој би добивал фантастични 10 милиони евра во следните пет години на „Максимир“.

Scroll to Top