Top Sport

Во Англија не го сакаат – Стариџ пред трансфер во Трабзон!

Откако му заврши договорот со европските шампиони Ливерпул, а англиските тимови не се „испотепаа“ за неговите услуги, 29-годишниот напаѓач Даниел Стариџ најверојатно ќе ја продолжи кариерата во турскиот Трабзонспор, јавува порталот „Гол“.

Стариџ денеска пристигнал во Турција за преговори со клубот кој е подготвен да му даде двегодишен договор со опција за уште една сезона, и тој би заработувал убави 3 милиони евра годишно на брегот на Црното Море.

Стариџ се мачеше со повреди при својот престој на „Енфилд“ откако дојде во клубот од Челси во јануари 2013 година. Тој постигна 21 гол во фантастичната сезона 2013/14, но по таа сезона не успеа да извлече повеќе од 11 меча по сезона. Во последната сезона тој постигна четири гола, а беше на клупата кога Ливерпул ја освои титулата од ЛШ против Тотенхем, за да си замине со 67 гола во 160 настапи.

Scroll to Top