Top Sport

Ајакс го прати Јунес во вториот тим откако одби да влезе во игра (видео)

Германскиот интернационалец Амин Јунес е пратен во вториот тим на Ајакс од Амстердам откако тој одби да влезе во игра во неделниот меч против Херенвен (кој Ајакс го доби со 4:1), сметајќи дека „тоа е непотребно“.

24-годишниот Јунес ќе тренира две недели со вториот тим на Ајакс.

„Амин Јунес не го послуша тренерот Ерик Тен Хаг и во понеделникот му беше соопштено дека ќе оди со вториот тим“, се вели во соопштението на Ајакс.

Тен Хаг вели дека однесувањето е неприфатливо.

„Сакав да го наградам Амин за работата на тренинзите, но тој сметаше дека не е потребно да влезе во игра. Јас сум шефот и јас треба да кажувам кој влегува во игра“, изјави Тен Хаг.

Во јануари се шпекулираше дека Јунес е пред трансфер во Наполи, но сега тој сигурно останува во Ајакс до крајот на сезоната кога му завршува договорот. Наполи тврдеше дека има договор со Јунес, кој има пет настапи за германската репрезентација, и најавија дека ако избере друг клуб ќе треба да плати за тоа.

Scroll to Top