Младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт, ќе биде приоритет на Барселона во зимскиот преоден рок. Каталонците, поради повредата на Самуел Умтити и лошата форма во која се наоѓа Џерар Пике, имаат намера да ја засилат одбраната, дел од тимот што во летниот преоден рок го засилија со Клемон Ленгле од Севилја.
Де Лихт има 19 години, стандарден е во тимот на Ајакс, а веќе има одиграно и десет натпревари за сениорската репрезентација на Холандија. Во Барселона се убедени дека со него долгорочно ќе ги решат проблемите во дефанзивната линија.
„Шансата Де Лихт да го напушти Ајакс во јануари се нула проценти“, рекол спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.
Де Лихт има договор со клубот од Амстердам до 2021 година, со опција истиот да биде продолжен за уште една година.
Покрај Барселона сериозен интерес за него покажуваат финансиски моќните ПСЖ и Манчестер сити.
Фудбалерот имал интерес одговор на прашањето за кој клуб го сака повеќе, Манчестер сити или Барселона.
Reporter: "Which club do you prefer: Manchester City or Barcelona?"
Matthijs de Ligt: "Ajax" pic.twitter.com/lRfImdNiDW
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) October 14, 2018
Де Лихт кратко одговорил: „Ајакс“.