Фудбалерите на Ајакс, во шестото коло, ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите. Холандскиот тим победи во Азербејџан, кај Карабаг со 4:2. Во термиот од 18.45 часот се одигра уште еден натпревар, Копенхаген го шокира Виљареал во Шпанија, со победата 3:2.
Ајакс ги освои првите бодови во Лигата на шампионите и се искачи на 33-то место, додека Карабаг е на 21-во место со седум бода.
Клубот од Амстердам го започна натпреварот подобро, но тимот на Карабаг поведе.
По добро додавање од Џафаргулиев, Дуран реагираше брилијантно од левата страна на шеснаесетникот и го доведе својот тим во водство.
Ајакс успеа да израмни до крајот на првото полувреме, со голот на Каспер Долберг.
Штом започна второто полувреме, Карабаг по втор пат поведе, кога со малку среќа, Матес Силва потугна гол.
Ајакс сепак успеа да слави, откако фуриозно ги одигра последните 15 минути од натпреварот. Во 79-та минута изедначи Оскар Глук, а четири минути подоцна Антон Гаеи, со брилијантен удар го комплетираше пресвртот. Точка на победата стави Глук со својот втор гол.
Виљареал, уште еднаш непријатно ги изненади своите навивачи во Лигата на шампионите. Тимот кој игра изворедно во Шпанија оваа сезона, во ЛШ во првите шест кола освои само еден бод и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Копенхаген среде Шпанија ја потопи „жолтата подморница“ со голот на Корнелуис во 90-та минута.
На „Ла Керамика“, данскиот првак два пати водеше, Виљареал два пати се врати во мечот, но на крајот не можеше да го поништи голот на Кормелуис.
Мохамед Елјунуси ја погоди мрежата на Виљареал во втората минута, изедначи во 47-та Комесањ, а веќе во следниот напад Ачури му ја врати предноста на Копенхаген.
Олувасени изедначи на 2:2 во 56-та минута.
Foto/ EPA
