Top Sport

Ајакс продале 41.000 сезонски билети

Фудбалскиот клуб Ајакс објави дека за наредната сезона веќе продале 41.000 сезонски билети. Капацитетот на „Јохан Кројф“ арена изнесува 55.000 седишта. Бројката на продадени билети е неверојатна со оглед на тоа што се уште не е познато дали гледачите ќе се врата на стадионите со почетокот на новата сезона.

Благодарение на продадените билети клубот заработил преку 10 милиони евра. Просечна цена на еден сезонски билет изнесува 245 евра.

Навивачите на овој начин му помогнаа на клубот во период кога фудбалските клубови се соочуваат со финансиски проблеми поради коронавирусот.

Scroll to Top