Top Sport

Емери би можел да ја преземе Фиорентина

Унаи Емери се враќа од наредната сезона. Шпанскиот тренер се поврзува со Фиорентина иако за него се заинтересирани и некои други клубови.

Емери реши да земе одмор откако во декември минатата година доби отказ во Арсенал. Во кариерата тој бил тренер на Лорка, Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја и ПСЖ.

Челниците на Фиорентина сметале дека 48 годишникот може да го врати клубот во самиот врв на италијанскиот фудбал.

„Виолетовите“ имаат лоша сезона, во 29 натпревари забележале само седум победи. Во Серија А се наоѓаат на 13 место со 31 бод, само шест повеќе од Лече кој се наоѓа во опасната зона.

Scroll to Top