Младиот италијански тренер, Франческо Фариоли, поднесе оставка откако на наверојатен начин остана без шампионскиот трофеј со Ајакс во националниот шампионат.
Откако Фариоли замина, гласни се шпекулациите дека Ајакс е подготвен да го врати Ерик Тен Хаг на „Јохан Кројф Арена“.
Вториот кандидат е младиот тренер на Го Ахед Иглс, Пол Симонис, кој му го донесе на клубот од Девентер холандскиот куп, односно му го донесе првиот трофеј во 122-годишната историја на клубот.
🚨⚪️🔴 #Ajax are now seriously considering Erik ten Hag, following Francesco Farioli’s decision to leave the club. Confirmed.
Paul #Simonis is another candidate.
Ten Hag is also on Bayer 04 Leverkusen’s list, as previously reported.@SkySportDE 🇳🇱 pic.twitter.com/ZTl2vrKYig
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) May 19, 2025
Ерик Тен Хаг, искусен 55-годишен холандски тренер, кој со Ајакс три пати беше шампион на Холандија и двапати го освои националниот куп (KNVB), нема клуб откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед.
Неодамна се појави вест дека тој би можел да го наследи Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен, но (не)планираната разделба со младиот италијански тренер широко ја отвори вратата за враќање на Тен Хаг во Амстердам, пишуваат холандските медиуми.
Останува да се види дали ова е реална опција во моментов, евентуалното враќање на Ерик Тен Хаг во Ајакс би било идеално во случај во клубот да се врати и Душан Тадиќ.
Српскиот фудбалер имаше извонреден однос со поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, тој беше главен диригент на тимот на Тен Хаг за време на неговиот мандат во Ајакс.
Во исто време, стигна и потврда дека една од причините за разделбата помеѓу Ајакс и Франческо Фариоли била токму враќањето на Тадиќ. Холандските медиуми објавуваат дека младиот италијански тренер не се согласил со намерата на спортскиот директор Алекс Крос да го врати Србинот.