Top Sport

Ајакс со минимален триумф над ПСВ се одвои на врвот (видео)

Ајакс со 1:0 го совлада ПСВ Ајндховен во дербито на 21. коло на холандската Ередивизие, за да се одвои на првото место на табелата со три поени предност пред упорните АЗ Алкмар.

Иако целосно доминираа во мечот на „Јохан Кројф арената“, во мрежата на гостите имаше само еден гол, откако Квинси Промес во 38. минута го постигна голот за триумф.

Со победата, Ајакс има 50 поени на врвот на табелата, три повеќе од АЗ Алкмар, враќајќи се на вистински начин по изненадувачкиот 2:1 пораз од Гронинген. Феенорд се трето со дури 10 поени заостанување зад Ајакс, додека ПСВ се само петти со 36 поени.

Scroll to Top