Top Sport

Неверојатна ВАР-фарса на Тотенхем-Сити, Мурињо со фантастична реакција (видео)

ВАР системот во Премиер лигата повторно ќе биде на удар на критичарите по неверојатните случки во првото полувреме на мечот помеѓу Тотенхем и Манчестер сити, кое заврши 0:0.

Овојпат во главна улога беше судијата Мајк Дин, кој прво не покажа пенал при стартот на Серж Орие над Серхио Агуеро, но три минути подоцна откако доби порака од ВАР собата покажа на белата точка.

Нормално, по ова следуваа протести на фудбалерите на Тотенхем, додека реакцијата на Жозе Мурињо беше најдобра -тој седеше на своето столче и се смееше.

Сепак, правдата (за навивачите на Тотенхем) беше задоволена, кога ударот на Илкај Гундоган заврши во рацете на Иго Љорис. По одбраната, голманот беше во дуел со Рахим Стерлинг, кој падна, па следуваше нова проверка на ВАР системот, а на теренот  продолжи вербалната расправија и туркањето на ривалите. Повторен пенал немаше…

Scroll to Top