Top Sport

Ајакс со „петарда“ за ПСВ во холандското дерби

Ајакс стигна до 5:0 победа над ПСВ Ајндховен за да покажат дека се најсилниот холандски клуб на денешницата и да избегаат четири поени пред ривалите на врвот на Ередивизе.

Резултатот беше отворен во 19. минута, кога по асистенција на Душан Тадиќ, Стивен Бергхујс ги донесе „копјаниците“ во водство. Тадиќ повторно запиша асистенција, овојпат кон Себастиен Але во 56. минута за 2:0, пред Антони десет минути подоцна да зголеми на 3:0, а замената Дејви Класен во 76. минута зголеми на 4:0, пред Тадиќ одличниот натпревар да го заврши со гол во 91. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top