Top Sport

Ајакс со трофеј ја отворија сезоната во Холандија (Видео)

Новата сезона во Холандија фудбалерите на Ајакс ја отворија со победа во Суперкупот. Без младите ѕвезди Матијас Де Лихт и Френки Де Јонг,кои го напуштија клубот, Ајакс го победија најголемиот ривал ПСВ Ајндховен со 2-0 (1-0).

Екипата по заминувањето на Де Лихт како капитен ја предводеше најдобриот играч на Ајакс минатата сезона, Душан Тадиќ.

Ајакс походот кон првиот трофеј го започна во првата минута кога Ван де Бек асистираше, а Каспер Долберг постигна гол.

Овој резултат беше активен до 53 минута кога вториот гол го постигна и го постави конечниот резултат, Дени Блинд.

Првенството на Холандија, сезона 2019/2020, ќе започне наредниот викенд, Ајакс во првото коло гостува кај Витесе,а ПСВ кај Твенте.

Scroll to Top