Top Sport

Де Роси: Сонував за ова, вљубен сум во клубот во кој играше Марадона

Трансферот на Даниеле Де Роси од Рома во Бока Јуниорс сигурно е еден од најинтересните, ако не и најинтересен во овој преоден рок. 36 годишникот уште како дете сонувал да го облече дресот на клубот чии член бил и Диего Армандо Марадона и да истрча на теренот на култниот стадион „Ла Бомбонера“.

Големата желба Де Роси си ја исполни на залезот на кариерата, тој дресот на Бока Јуниорс ќе го носи една сезона.

„Моето срце е во Рома, но Бока ја сакам уште од најраната младост. Вљубен сум во овој стадион и сакав да играм во клубот во кој настапуваше Марадона. Сонував дека чекорам низ овој тунел и излегувам на теренот на храмот на светскиот фудбал. Најважна работа во животот е да можеш да ги исполниш сништата…Ти благодарам Бока“, рекол Де Роси и дополнил.

„Бока Јуниорс е основан од Италијани така што овде се чувствувам како дома“, рекол фудбалерот кој за 18 сезони во Рома одиграл 616 натпревари и постигнал 63 гола.

Scroll to Top